Поради сајбер-нападот, веќе десетина дена е оневозможено нормалното функционирање на системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) па хартиените обрасци се вратени во функција, што предизвика страв и вознемиреност кај граѓаните и медицинскиот персонал. Велат дека имаат проблеми со боледувањето, породилното отсуство, а неизвесно е и кога здравствените работници ќе добијат плата.
Вчера премиерот Димитар Ковачевски информира дека Ковачевски информира дека станува збор за хакерски напад при што се бара откуп за враќање назад на добиените податоци.
„Се работи за напад со „ransomware“. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот“, рече Ковачевски.
За тоа што значи софтверот „ransomware“, контактиравме со дел од експертите по ова поле. Експертот за сајбер безбедност, Сенад Аруч во разговор за „Локално“ вели дека ваквите напади се многу голема проблематика во светот и потекнува од 2012 година, кога првпат беа видени јавно.
-На времето хакерите беа повеќе определени кон кражба на кредитни картички, но е комплициран процес и помалку го прават, па се упатија кон „ransomware“. Пробиваат и ги заклучуваат податоците што ги имаат. Не ги вадат или крадат, туку само ги енкриптираат и со приватни клучеви и после ти бараат пари ако сакаш да ги добиеш податоците назад. Ви даваат 24 часа за плаќање и после тоа цената оди нагоре, вели Аруч.
Целиот текст на следниот линк!