Државното јавно обвинителство (ЈОРМ) веќе отворило предмет за интервјуто на новинарот Драган Павловиќ – Латас во подкастот на јутјуберот Стефан Лазаров.
Ова следува откако Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување.
-До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки, велат од ЈОРМ за „Локално“.
Од таму додаваат дека предметот е оформен за говор на омраза.