Јутјуберот Стефан Лазаров вчера одлучи да го избрише контроверзното интервју на својот подкаст со новинарот Драган Павловиќ Латас, а потоа во ново реши да и се обрати до јавноста.
Новинарот во него раскажуваше за неговото сексуално искуство како тинејџер, со девојка која била малтретирана и тепана.
– Латас е човек кој многу го почитувам и еден од луѓето кои имаат интересна животна приказна и затоа одлучивме да биде прв гостин. Концептот на подкаст е да се зборува на табу теми и да има слободен говор и да се споделуваат работи кои на ТВ не можеме да ги чуеме. Мене ми е јасно дека во Македонија ова е прво нешто и за сите нас е ова чудно и интервјуто на Карло Бос, меѓутоа се сложувам со вас, во право сте, и затоа сакам да ви се извинам за тоа што го чувте во подкастот, а јас како домаќин и водител дозволив тоа да се емитува. Дали се работи за силување или не, тоа ќе оставам на вас, меѓутоа сакам да се извинам затоа што добива една слика дека кај мене се промовираат такви работи, изјави Лазаров.
Инаку за случајот МВР поднесе и известување до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, а оттаму потврдија дека е отворен предмет и надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошно постапување.