РИБАРО
Мицкоски урлал по блиските соработници во белата палата на вмровците, дознава АХА. Гневен на своите советници што го советувале да излегува во јавноста со јалови предвидувања ги потсетил на насловите под кои тој се потпишувал: „Оваа зима ќе има рестрикции на струја“, „Се планираат рестрикции со кои цели градови ќе бидат исклучени од струја“.
„Што да правам јас сега со ова? Каде се рестрикциите?! Овие не само што сработија да нема рестрикции, туку и рекордно производство на струја од домашни капацитети извадија. Ја субвенционираа цената на струјата, па луѓето добиваат исти или дури и помали сметки за струја од ланските. Како ќе правиме револт кај граѓаните, кога комуњариве нè побиваат на секој чекор. Толку ли сте неспособни да смислите нешто што ќе држи повеќе од еден ден клевета?!“, викал Мицкоски по своите.
– Ама шефе тоа беа твои идеи, вратил еден од советниците.
– Па што ако беа мои! Вие не знаевте да ме заприте. За што сте тука?!, рекол Мицкоски
„Сега треба здраво да се запне да не помине глатко реконструкцијава на Влада. Има да одолговлекувате како што знаете и умеете. Мора да им се земе залетот. Да не помини ни еден закон, одлука, што може да го олесни животот на граѓаните. Малтретирајте во Парламентот до бескрај, до редовните избори ако треба нека нема влада“, потенцирал Мицкоски, јавува АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK