ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Поддршка од Јапонија за натамошниот напредок на Македонија во европските интеграции

February 21, 2023 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со новиот амбасадор на Јапонија во нашата држава, Казуја Оцука.

На состанокот е оценето дека има тренд на унапредување на билатералните односи помеѓу државите и е изразена определба за зајакнување на соработката, посебно во областа на економијата. При тоа, разговарано е и за можностите за презентација на економските потенцијали за инвестирање во Северна Македонија пред јапонски инвеститори.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големото долгогодишно и искрено пријателство со Јапонија, што се манифестира со континуираната јапонска поддршка, во вкупен износ од над 430 милиони американски долари, со што Јапонија е меѓу најголемите билатерални донатори во Северна Македонија. Воедно, премиерот ја истакна и важноста на јапонската иницијатива за соработка со Западен Балкан, којашто дополнително придонесува во севкупното продлабочување на соработката и пријателството меѓу двете земји.

„Сакаме да се развиваме како држава и во таа насока од големо значење се односите со развиени земји како што е Јапонија. Успешно се развиваме како мултиетничка држава. Низ политики на дијалог ги развиваме добрососедските односи. Преку иницијативата Отворен Балкан создадовме можност за поедноставени процедури во делот на пазарот на трудот, со што како регион и поголем пазар отвораме можност за зголемена заинтересираност на странски инвеститори. И во Минхен, за време на учеството на безбедносната конференција, добивме потврда дека Европската Унија во Северна Македонија гледа фактор на стабилност во Западен Балкан. Европскиот пат на нашата држава е неповратен процес”, рече премиерот Ковачевски.

На средбата е пренесена категорична поддршка од Јапонија за натамошниот напредок на Република Северна Македонија во европските интеграции, како прашање од значење за развојот на нашата држава и од значење за стабилноста на регионот и на Европа.

Поздравена е и јасната позиција на Република Северна Македонија во поддршката кон Украина, како одраз на почитување на демократијата, слободата и човековите права.

Исто така, изразена е подготвеност за споделување на јапонските искуства во поглед на унапредување на отпорноста и подготвеноста за земјотреси, што се покажува како актуелна тема со ситуацијата во Турција и Сирија.

Во разговорот е потенцирано дека годинава, на 26 јули, ќе биде одбележана 60-годишнина од катастрофалниот земјотрес во Скопје, а на 4 септември се навршуваат и 110 години од раѓањето на истакнатиот јапонски архитект Кензо Танге, кој има значаен придонес во обновата на Скопје, како траен печат во модерниот развој на главниот град и во таа насока е изразен заеднички интерес за одбележување на двата јубилеја.

Tags: ЕУЈапонијаКовачевскиМакедонијаОцука
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тензии во албанското собрание, „Пирамидата“ во Тирана – нов „Тел Авив на Балканот“, Албанија се соочува со масовна имиграција

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk