ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски-ДКСК: Неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување на вредносен демократски систем

February 7, 2020 11:21
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, предводени од претседателката на комисијата, Билјана Ивановска.

На средбата членовите на комисијата го информираа Пендаровски за нивната тековна работа, активностите на комисијата за време на претстојниот изборен процес, како и за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024), што треба да биде усвоена од Собранието на Република Северна Македонија.

Пендаровски рече дека стратегијата е добра основа за надминување на приоритетните проблеми кои генерираат висок ризик од корупција и изрази очекување нејзината имплементација да биде транспарентна, односно јавноста постојано да биде информирана за преземените мерки и активности. Претседателот Пендаровски повика на скорешно усвојување на стратегијата во Собранието.

Поздравувајќи ја досегашната работа на комисијатат Пендаровски на средбата истакна дека е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување на вредносен демократски систем којшто ќе биде во согласност со европските стандарди и критериуми, за што, неопходна е јасно изразена волја на сите политички чинители во државата. Обезбедувањето на транспарентност и ефективна координација и соработка меѓу институциите, според претседателот Пендаровски, ќе придонесе кон намалување на корупцијата и консолидирањето на демократијата.

Next Post

Димитров: Доколку ЕУ остане неодлучна, ќе му направи голема штета на регионот

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk