Спикерот Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите во врска со високите патни трошоци кои ги добиваат пратениците истакна дека Собранието нема инструменти за испитување на веродостојноста на правото на пратеникот.
-Прво и основно, со Деловникот е пропишано под кои услови се остварува правото патни трошкови и користење стан за таа намена, значи како алтернатива. Условите се пропишани во Деловникот што присуството секој пратеник го докажува со потпишувањето на списокот за присуство на седница на Собранието, односно на седница на работните тела и во тој контекст никој никому не може да му го оспори тоа право додека е таа докажана со потпис. Собранието нема други инструменти за испитување на веродостојноста на правото на пратеникот, затоа што се смета дека и уставно пратеникот не одговара пред претседателот на Собранието или пред собраниската служба, рече Џафери.
Според спикерот Џафери, доколку има индиции дека има злоупотреба, тогаш за тоа треба друга институција да покрене поинаква постапка.
-Во тој контекст, мислам дека немам коментар. И сега дали се високи или не, тоа е прописот, тоа се законите и во рамки на тоа треба да се исплати, рече тој.