Протести против снабдувањето на Украина со оружје за војната со Русија се одржаа денеска во Берлин на кои учествуваа над 10.000 луѓе, што наиде на критики од највисоките претставници на германската Влада и големото полициско присуство.
Организиран од истакната левичарска германска политичарка, протестот доаѓа еден ден по годишнината од руската агресија врз Украина, јави Ројтерс.
Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега!…Затоа што секој изгубен ден чини до 1.000 животи повеќе – и не приближува до трета светска војна, објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.
Германија, заедно со САД, е еден од најголемите доставувачи на оружје за Украина.
Портпарол на полицијата рече дека 10.000 луѓе се собрале пред Бранденбуршка порта во центарот на Берлин, нема присуство на десничарски групи, а протестот бил мирен.
Полицијата ангажира 1.400 свои припадници за да го зачува мирот и да спроведе забрани за носење воени униформи, руски и советски знамиња, десничарски симболи и руски воени песни.