Христијан Мицкоски, како политичар без став стана заложник на популистичката и потпалувачка реторика на Димитар Апасиев, вели СДСМ
„Ова заложништво на политичката сцена создава феномен – се што ќе каже Мицкоски излегува обратно.
Мицкоски во јануари тврдеше дека во февруари годинава Собранието ќе се распушти и ќе следуваат предвремени парламентарни избори во месец мај.
На истекот на февруари нема распуштање на Собранието, ниту предвремени избори, но има зголемено парламенарно мнозинство на СДСМ и коалицијата.
И тезите на Мицкоски за енергетската криза излегоа погрешни. Тврдеше Мицкоски дека нема да има доволно струја дека ќе има рестрикции, дека електричната енергија драматично ќе поскапи.
А излезе обратно, домашното производство на електрична енергија бележи рекорди и среде зима има извоз на електрична енергија. Цената на струјата за 72.000 компании е намалена за околу 20 отсто, а домаќинствата немаат зголемени сметки за електрична енергија.
Се што Мицкоски кажа – излажа, се што прогнозираше – излезе обратно, затоа неговите деструктивни политики одново се осудени на пропаст“, се вели во соопштението.