ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Доделени домови на 45 семејства од социјално ранливи категории

February 27, 2023 13:28
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Гостивар во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот, Арбен Таравари и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев доделија клучеви од новите домови на 45 семејства од социјално ранливи категории.

„Да имаш топол дом, кров над глава за своите деца, за семејството значи многу и навистина сум среќен што денеска сите заедно, овде во Гостивар ја споделуваме среќата на 45 семејства, на кои им врачуваме клучеви од нивните домови”, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во Гостивар.

Премиерот истакна дека предизвиците кои ги наметна тешката економска криза, не ја спречија Владата во реализација на спроведување на социјално-станбената политика.

„Во изминатите 4 години изградени се и во фаза на изградба се 864 социјални станови. Оваа Влада обезбедува подобар и поквалитетен живот на ранливите категории граѓани.

Досега освен овде во Гостивар, распределени се станови во Македонски Брод, Струмица, Пробиштип, Виница, Свети Николе. Становите се доделуваат веднаш откако ќе се изградат, такви огласи за распределба на станови во тек се во Гевгелија, завршена е градбата на социјалните станови во Демир Капија и таму становите треба да се распределат. Во завршна фаза се социјалните станови во Неготино, а за над 500 наши сограѓани се градат социјални станови во Дебар, Бутел, Велес, Кочани и Сарај.

Нашата владина политика е за развој на секој дел од државата, затоа и социјалните станови кои ги градиме се наоѓаат низ целата држава. Така обезбедуваме рамномерен регионален развој и во извесна мера изедначување на станбениот стандард”, истакна Ковачевски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека Владата и Министерството ги преземаат сите мерки за ублажување на последиците од кризата и за обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани.

„Овој месец само за десетина дена распишавме два јавни повици за распределба на социјални станови во Гевгелија и Демир Капија.

Грижата за најранливите категории граѓани е посебно изразена сега во време кога ни претстои најголемиот предизвик со оправување од енергетската и економската криза.

И свесни сме за тоа. Но, сакам да уверам дека ги преземаме сите мерки за ублажување на последиците и за обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани”, истакна министерот Бочварски.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари истакна дека набрзо домување ќе добијат уште 25 семејства од ранливите категории граѓани.

„Мило ми е што еден добар проект се реализира за гостиварци. Денеска 45 гостиварски семејства ќе бидат здомени во нови станови, а уште 25 се надевам во многу блиска иднина. Овие се убави работи кои што државата може да ги направи за социјално загрозените семејства”, рече Таравари.

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, Ѓоргијев рече дека колективната, станбена зграда наменета за лица од социјален ризик и други социјално ранливи категории во Гостивар е со вкупна површина повеќе од 3.000 м2 и има П+4 со 2 влеза.

„Располага со 70 станбени едници, со површина од 33 – 44 м2. Сите имаат балкони со површина од 1 – 4 м2, 70 подрумски простории со површина од 4 – 10 м2, 18 паркинг места и пристап за инвалидизирани лица. Вкупната инвестиција на објектот изнесува 103.000.000 денари. Технички прием е направен во април 2021 година”, рече Ѓоргијев.

Tags: Арбен ТаравариГостиварКовачевскиСоцијални станови
Next Post

НБ: Продолжува усогласувањето на банкарската регулатива со новините во европската

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk