Безбедна и квалитетна е водата за пиење во Скопје, покажува најновиот неделен извшетај на ЈП Водовод и канализација.
Како што информира претпријатието, Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.02.2023 до 24.02.2023 зема 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.