ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груби: Охридскиот договор треба да послужи како пример и за други конфликти во регионот

March 1, 2023 12:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние како држава направивме големи чекори напред за решавање на долгогодишните спорови што ги имавме со нашите соседи. Кога политичарите се храбри и кога носат одлуки за следните генерации а не за следните избори, прават правилни избори, порача првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на денешниот Скопскиот економски форум, во организација на Делфи економски форум и Грчката бизнис асоцијација.

Тој напомена дека Охридскиот рамковен договор е пример за решавање на конфликти во цела Европа и е пример за одлична соработка на ЕУ и САД во нашата држава за да се реши конфликтот меѓу етничките заедници во земјава. Потенцираше дека Охридскиот рамковен договор треба да послужи како пример и за други конфликти во регионот.

-Ние како држава направивме големи чекори напред за решавање на долгогодишните спорови што ги имавме со нашите соседи, кои претставуваа вистинска пречка за нашиот евроатлантски интегративен пат. Преспанскиот договор и договор за добрососедство со Бугарија, но и решавање на прашањето за автокефалноста на нашата православна црква. Пристапивме и кон решавање на спорот со Република Грција преку Преспанскиот договор кој го потпишавме. Го усвоивме во Собранието и пристапивме кон уставните измени, што ни овозможи брзо членство во НАТО, со придонесот и поддршката на сите земји членки на Северноатлантската алијанса, за што сме многу благодарни, рече Груби.

Тој додаде дека овој храбар чекор од страна на тоа парламентарно мнозинство и таа владина коалиција треба да ни послужи како пример, не само за решавање на други спорови во земјава, туку и во целиот наш регион.

Договорот од Преспа, како што потенцираше, не зачлени во НАТО, ни обезбеди безбедност и сигурност во земјава, посебно во вакви предизвикувачки времиња кога постои агресијата на Русија во Украина.

-Од 2006 година се владееше со страв. Страв од Албанците дека ќе ја земат државата и ќе ја однесат на друго место, страв од Грците дека ќе го земат уставното име и историјата на античка Македонија, страв од Бугарите, од Србите.. но всушност се испостави дека сите овие стравови се наметнати од конзервативни политики да го заплашуваат народот и да се владее врз основа на тој страв, без да се решаваат овие прашања. Ние во ниту еден момент не дозволивме нашата држава да ги смени своите стратешки определби. Бевме мост на комуникација и со Атина и со Софија, за да се реши прашањето со името и прашањето со добрососедскиот договор кој го потпишавме подоцна. Не дозволивме стравот да биде пречка за решавање на прашањето со името со Грција, додаде Груби.

Во однос на дијалогот меѓу Косово и Србија, Груби порача оти се надева дека на 18-ти март ќе се постигне договор тука во Скопје, и се заблагодари на сите пријатели од Европската Унија и САД за придонесот што го даваат, за да се надмине овој спор кој влиаје врз целиот регион.

-Би сакал нашиот пример со Преспанскиот договор и со Охридскиот Рамковен договор да послужи како пример, посебно за властите во Приштина и Белград, да го надминат спорот и да се заокружи со взамено признавање на независноста меѓу Србија и Косово што би придонело за стабилноста на целиот регион, рече Груби.

Тој уште еднаш потенцираше оти претходно постоеше селективна правда и апсолутна недоверба во институциите, посебно кон судството и Обвинителството, но како што рече, се залагаат за апсолутен ветинг на секој еден политичар, на секој судија и обвинител.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрубиЕкономски форум
Next Post

Османи со сочувство до Дендијас и Грција

НАЈНОВО

Поведена постапка против осомничен за подметнување пожар на паркиран автомобил во Скопје

October 21, 2025

Европскиот парламент изгласа измени: Дигитални возачки дозволи, 15 години важност и построги правила за почетници

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Влада: МВР во соработка со надлежните инспекторати ќе изврши инспекциски надзор во Град Скопје и Комунална хигиена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk