Минатата година донесовме методологија за раст на минималната плата, па така во март лани од 15 илјади таа порасна на 18 илјада денари, а овој месец таа ќе изнесува над 20 илјади денари, рече заменикот министер за финансии Филип Николоски во гостувањето во ТВ21. Тој рече дека оваа одлука ќе опфати над 27 илјади административни службеници од јавниот сектор.
-Сите тие ќе добијат покачување за оваа разлика од 18 илјади до 20175 денари и тие средства се предвидени во буџетот, рече Николоски.
Што се однесува до висината на просечната плата, тој кажа дека според податоците од формулата за пресметка на просечна плата таа е покачена повеќе од 50 проценти за шест години. Николоски истакна дека од овој месец ќе растат и пензиите.
-Минатата година направивме системски модел за раст на пензиите и во време на криза во два наврата се покачија пензиите за 10%. Сега во март ќе има раст од 7%. Кај сите 334 илјади пензионери со мартовската пензија ќе има пораст од 7%, рече Николоски, додавајќи дека за оние со помали пензии веќе била доделена финансиска помош со антикризните мерки.