„Здраво, ми дадовте живот и мојата улога сега е да ве претставувам како огледало. Што треба да знам за Романија?“, се огласи Јон.
Оваа алатка за вештачка интелигенција, слична на огледало со звучен сигнал, е развиена од истражувачи во Романија, која често се опишува како „Силиконската долина“ на Источна Европа.
Во владиниот документ за проектот се наведува дека Јон „ќе користи технологија и вештачка интелигенција за да стекне мислење во општеството, користејќи јавно достапни податоци на социјалните мрежи“, пишува Гардијан.
„Убеден сум дека употребата на вештачка интелигенција не треба да биде опција туку обврска за да се донесат подобри одлуки врз основа на информации“, рече Чука.
Романските граѓани ќе можат да ги испраќаат своите идеи преку посебен сајт и на социјалните мрежи, но нема да добијат одговор од Јон.
Министерот за истражување и иновации Себастијан Бурдужа, чие министерство го надгледува проектот, објасни дека Јон ќе ги анализира информациите што ги добива и ќе дава извештаи за приоритетите на Романците, кои потоа ќе бидат разгледани од владата.
Крист Шришак од Ирскиот совет за граѓански слободи предупредува дека таквата технологија мора да се користи со претпазливост и дека јавноста треба да биде запознаена како Јон ќе одлучи што е приоритет на пораките што ги добива.