ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Продолжува идентификацијата на загинатите во железничката несреќа во Грција, официјално потврдени 57 жртви

March 3, 2023 09:56
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Акцијата на спасувачите на местото на железничката несреќа кај месноста Темпи во Грција, продолжува и рано утрово, се очекува да заврши денеска, а паралелно во службата на судската медицина во Лариса, продолжува идентификацијата на жртвите.

Досега официјално се потврдени 57 загинати, а во болниците се хоспитализирани 48 патници, од кои шест се на одделите за интензивна нега.

Идентификација на жртвите се врши преку ДНК анализи, а според портпаролката на грчката полиција Константина Димолиду земени се 55 примероци од телата, 52 примероци од роднини на патниците и 26 примероци од пронајдените делови од човечки тела.

-Досега се извршени 24 идентификација на тела од Управата за криминалистички истраги, 20 со ДНК анализа, две со ДНК и анализа на отпечаток од прст и две само со метод на анализа на отпечатоци, рече портпаролката на грчката полиција на синоќешната прес конференција, пренесувајќи ги информациите заклучно со 19.15 часот.

Додаде дека иако процесот на ДНК анализи вообичаено трае неколку дена, се прават напори да заврши до денеска.

Од грчката опозициска партија СИРИЗА вчера упатија апел до надлежните да ја објават „вистинската слика за обемот на трагедијата“ и коментираа дека сѐ уште е непознат бројот на исчезнати.

И речиси 60 часа по несреќата, не постои точна информација колку патници имало во возот.

Од компанијата „Hellenic train“ во средата соопштија дека во патничкиот воз се пренесувале „околу 350 патници“, неколку часа подоцна, портпаролот на Противпожарната служба рече дека имало 342 патници, десет членови на екипажот, а во товарниот имало две лица, а портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на вчерашниот редовен брифинг со новинарите објасни дека од повеќе причини тешко е да се знае точниот број на патници.

Прво, како што рече, поради тоа што не се сите билети со име и презиме, бидејќи не биле сите купени онлајн, а оние кои се од шалтер се без лични податоци.

И второ, бидејќи некои луѓе можеби се качиле во возот во последен момент.

Поради железничката несреќа, веќе трет ден во Атина се организираат протести и собири.

Синоќа имаше нов протест пред зградата на „Hellenic train“, а за денеска напладне демонстрации закажаа учениците и студентите.

 

Tags: Грцијажелезничка несреќа
Next Post

(ВИДЕО) Протест на учениците од „Орде Чопела“ од Прилеп против насилникот кој злоставувал нивна соученичка

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk