ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тренчевска: Зголемување на пензиите, но и на активното стареење како пакет на грижа кој започнува сега и овде

March 3, 2023 15:05
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од кампањата „Силна и Храбра“ на Министерството за труд и социјална политика, која во фокус ги благосостојбата, менталното здравје и економско зајакнување и благосостојба на жените, денеска се оддржа работилница насловена „Активно стареење-лозинка за соочување на менталното и физичкото здравје”, со највозрасните наши граѓанки – пензионерките во Битола.

Работилницата беше организирана во соработка со Сојузот на пензионери-Битола.

Пред почетокот на работилницата присутните пензионерки ги поздравија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерката за култура , Бисера Костадиновска Стојчевска, кои се заблагодарија на денешното присуство и уште еднаш потенцираа дека мерките кои Владата на Северна Македонија ги спроведува се насочени кон унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани. Во оваа прилика, министерката Тренчевска ги информираше пензионерките дека мартовската пензија ќе пристигне со покачување од 8.4%.

Работилницата ја отвори професорката Софија Арнаудова која со интерактивен пристап и вклученост на сите, работеше на тема среќа и што ги прави среќни секоја од нив. Ова беше вистинска можност присутните пензионерки да ги споделат своите лични согледувања и животни искуства.

На тема надеж, што значи да се има надеж и како со поддршка може да се даде надеж на некого, зборуваше Весна Рох, психолог од Заводот за ментално здравје на деца и младинци -Младост, Здравствен дом Скопје.

На работилницата се разговараше за патот на надежта, нејзиното потекло и нејзиниот пат кон иднината и нејзиното развивање.

Менталното здравје е клучно за благосостојбата и квалитетот на животот на секоја единка, оттука и неопходноста за подигање на свеста за неговото значење. „

Активното стареење е клуч за квалитетно ментално и физичко здравје. Тоа го потврдија и присутните пензионерки кои во своите зрели години се сеуште активни и уживаат во тоа што го прават.

„Не е важно колкава е пензијата , туку колку долго ќе ја користам “, напоменаа тие и ја пренесоа пораката до секоја жена пензионерка во државата.

Tags: МТСПпензииТренчевска
Next Post
Patrick Blower

Диктаторските Дедушки

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk