ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државниот инспекторат не нашол неправилности во погонот за отпад на „Еко клуб 95“

Во Извештајот на ДИЖС се вели дека при вонредниот инспекциски надзор, направен два дена откако Богдановски влегол во инсталацијата и ги снимил материјалите кои укажуваат на несоодветно третирање на опасниот медицински отпад, државните инспектори само го задолжиле сопственикот да изврши мерења на емисии на гасови во воздухот од стерилизаторите на отпад кои се наоѓале таму.

February 7, 2020 22:31
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ги видов снимките оти ги имаше насекаде по социјалните мрежи и по медиумите, беше одговорот на Хусни Тачи, државниот инспектор за животна средина на прашањето дали ги видел снимките направени од страна на градскиот инспектор, Мирослав Богдановски во погонот на „Еко клуб 95“ на кои се гледаат расфрлани крвави завои, шприцеви и друг вид медицински отпад, како и животни кои ги јадат отпадоците, пренесува МЕТА.

На прашањето, пак, како е можно вака да се третира опасен отпад кој може да го загрози здравјето на оние кои непосредно ракуваат со него, но и на пошироката околина, во легална инсталација со А интегрирана еколошка дозвола, Тачи одговори дека таа компанија воопшто нема А интегрирана еколошка дозвола, туку само дозвола за транспорт и складирање и преработка на отпад.

Во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина кој беше објавен денеска, „Еко клуб 95“, фирмата од чијшто погон за преработка и стерилизација на медицински отпад потекнуваат грдите слики објавени од Град Скопје, а Основното јавно обвинителство покрена истрага, поседува важечки дозволи за складирање и транспорт на отпад, а се во постапка на добивање на дозвола и за складирање и трнспорт на неопасен, комунален отпад до 20 тони на ден.

Според објаснувањата добиени од Министерство за животна средина, со оглед на капацитетот на инсталацијата, таа не ни мора да поседува А дозвола бидејќи неа ја добиваат капацитети кои преработуваат повеќе од 10 тони отпад на ден. „Еко клуб“, според ова не подлежи на А -ИЕД туку работи во рамките на дозволата за вршење дејност складирање, третман и преработка на медицински отпад и дозволата за транспорт.

Ова се совпаѓа со информацијата што ја добивме од директорот Сашо Јакимовски дека „Еко клуб 95“ од лани е дел од групацијата „Ремондис“ која е мултинационална компанија за работа со отпад и дека ги имале сите потребни дозволи, пишува МЕТА.

Во Извештајот на ДИЖС се вели дека при вонредниот инспекциски надзор, направен два дена откако Богдановски влегол во инсталацијата и ги снимил материјалите кои укажуваат на несоодветно третирање на опасниот медицински отпад, државните инспектори само го задолжиле сопственикот да изврши мерења на емисии на гасови во воздухот од стерилизаторите на отпад кои се наоѓале таму. Иако не е експлицитно објаснето, инспекторите по се изгледа не затекнале состојба како на сликите.

Целиот текст на МЕТА.

Next Post

Гардијан: „Медена земја“ ќе добие Оскар за најдобар документарец

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk