ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Коронавирусот не ги намали нарачките и пратките од Кина

– Според последните анализи вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, објави СЗО.

February 8, 2020 09:51
in АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Коронавирусот се шири бргу, на жители од Кина повеќе не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, но за пратките не е одреден „карантин“, односно задржување. Со оглед на тоа дека од Кина масовно се нарачуваат работи, особено преку интернет-платформите како Али експрес, има загриженост дали коронавирусот може на тој начин да стаса до граѓаните. Досега не е објавено дека има случај или доказ дека вирусот може да се пренесе преку пакет, а состојбата со коронавирусот засега не се одразува на обемот на нарачки од Кина кај нас.

Според Пошти на РСМ, операторот преку кој кај нас стасуваат најголем број од пратките, состојбата со коронавурусот засега не се одразува со обемот на таквите нарачки.

– Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од Али експрес и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници, велат за МИА од Пошта на РСМ, операторот преку кој стасуваат најголем број од пратките преку Али експрес.

Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство, како што укажуваат, немаат добиено информација за понатамошно постапување заради коронавирусот.

Проблеми со кинеските пратки во Хратска и Србија
За разлика од кај нас, како што пишува Слободна Далмација, жители на Сплит изјавиле дека пратките првин ги стерилизираат, а има и такви кои подолго време ги чуваат настрана.

 

Како што објавија медиумите, изминатата недела Хрватска пошта престана да испорачува мали пакувања од Кина, каде што се појави коронавирусот, поради што повеќе од 250.000 нарачани пакети се во мирување.

– Иако авиокомпаниите првенствено ги прекинаа летовите заради патниците, тие не можат да стигнат и до Хрватска, информираа од Хрватски пошти, откако добиле известување од КЛМ, „Луфтханза ЛХ“ и „Туркиш ерлајнс“ дека тие ги прекинале летовите кон Кина за да го спречат ширењето на коронавирусот и оти тоа ќе влијае на испораката на пратките.

Претходно и Јавното претпријатие Пошта на Србија ги инфорира своите корисници за промени во деловната соработка со Кина поради откажаните летови како резултат на коронаворусот.

– Пошта Србија е информирана од авиопревозниците Луфтханза и ЛОТ дека заради превенција од опасноста за ширење на коронавирусот летовите кон Кина се откажани и тоа ќе влијае на вообичаеното поштенско работење во размената на пратките. Поради тоа ги молиме корисниците на услугите на Пошта Србија за разбирање, а за сите промени ќе ве информираме навреме, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Пошта Србија.

 

СЗО: Нема ризик од писмата и пакетите од Кина

Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус.

– Според последните анализи вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, објави СЗО.

Како што истакна на прес-конференција директорката на Центарот за имунизација и респираторни болести Ненси  Месони, овој вирус не може да преживее на површина на предмети и „многу е мал ризикот вирусите да се рашират од пакувањето на пакети кои патувале со денови  или недели на собни температури“. На пратките од Кина им се потребни најмалку два дена за да стасаат на која било адреса и според експертите, шансите со нив да стаса коронавирус се речиси никакви, наведе Месони.

Извор: МИА

 

Next Post

Шкријељ: Кога си врзан за домот, а не за радијаторот

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk