Украинското Министерство за надворешни работи објави на Твитер две слики од градот Маринка во источниот регион Доњецк во Украина. Министерството напиша дека градот е срамнет со земја.
Новинската агенција АП објави фотографии од украинскиот град Маринка направени со дрон на кои се гледаат слични сцени. Артем Шус, началникот на полицијата во Маринка, рече дека неговиот град е уништен.
Ukrainian Marinka in the Donetsk region. It used to be home for around 10,000 people. It used to be a peaceful city. It used to be… until Russia’s war criminals razed it to the ground. Zoom in to see that nothing is left untouched.
Photo: Presidential Office of Ukraine pic.twitter.com/d7xv47jNzq
— MFA of Ukraine ?? (@MFA_Ukraine) March 5, 2023
„Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој освен војници. Нема начин цивилното население да живее таму. Руските сили намерно ги срамнуваат урнатините на градот за да ги уништат сите засолништа, без разлика дали се работи за цивилно засолниште или воен објект. Уништуваат сè бидејќи не можат да ги победат нашите трупи со нивната тактика. Затоа уништуваат сè живо“, изјави Шус за АП.
Украинската армија објави ново видео од Маринка.
Извор: Цивил Медиа