Една жена почина, а две успеале на време да се евакуираат од пожар што изутрината избувнал во куќа во Прилеп.
Една жена почина, а две успеале на време да се евакуираат од пожар што изутрината избувнал во куќа во Прилеп.
Пожарот кој започнал од приземјето на куќата, каде и се наоѓала починатата жена, во 8 часот и 37 минути бил пријавен во Територијалната противпожарна единица, при што за кратко време на местотото на настанот пристигнале четири противпожарни возила и единаесет пожарникари, кои за дваесетина минути го ставиле пожарот под контрола и од двата спрата на куќата ги извлекле преостанатите шест лица кои во тој момент се наоѓале таму
На местото на настанот се прави увид на состојбата.