Демократскиот сојуз бара Државниот завод за ревизија да направи ревизија на досегашните активности и трошењето на милионски суми (над 20 милиони евра) на државните институции во врска со подготовките за изградба на коридорите 8 и 10-д, од Конзорциумот БЕХТЕЛ И ЕНКА, во вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра, како и предвидените над 300 милиони евра за експропријација на земјата каде ќе поминуваат трасите на коридорите (патиштата).
„Во јавноста се презентирани многу контроверзни и коруптивни информации во врска со консултанти, надзор итн., кои отворија многу прашања, со што се загрозува целокупниот проект и може да се случи да останеме и без милионски суми евра и без патишта, со големи обврски кон фирмите кои треба да ги градат патиштата“, велат од партијата на Павле Трајанов.
Воедно дадоа предлог Владата да достави информација до Парламентот за досегашните активности, а Парламентот да отвори расправа.