Според коалицискиот договор што го постигнавме договор со Зоран Заев во последните 100 дена од владата ќе имаме албански премиер. Ова го потпишавме, а излезе и Заев и кажа дека за првпат ќе имаме премиер Албанец.
Ова го изјави Вицепремиерот Артан Груби во интервју за „Дебат плус“ на косовска телевизија.
Според него, договорот се’ уште важи, а дека такво нешто му ветил и актуелниот премиер Димитар Ковачевски.
„Ковачевски на првата средба пред да биде избран вети дека ќе важи истиот договор што беше постигнат со Ахмети и се ракувавме. Тој рече дека во последните 100 дена, кој и да е, ќе ја напушти функцијата, ќе биде претседател на Собранието, а Албанец ќе биде премиер“, рече Груби.
Додаде дека Али Ахмети ќе го предложи албанскиот премиер.