На денешната 23 седница на Советот на општина Прилеп, советничката група на СДСМ и Коалицијата го потсетија градоначалникот Борче Јовчески на нереализираните изборни ветувања.
Притоа, од говорницата и со транспаренти му поставија и десетина прашања:
Кој го „изеде“ бесплатниот оброк за учениците?
500 дена власт – НУЛА реализирани проекти
Кучиња скитници го „искасаа“ буџетот
Ладен асфалт и топла вода – изум на Борче Јовчески
Прилеп – лидер во градењето дивоградби
500 дена градежна ДЕФАНЗИВА
Повисоки даноци за плати за партиските војници
Каде се парите за спортистите и за НВО?
Сексуално вознемирувани ученици, втор мандат за директорката.
Извор: Публикум