ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Да не се изнесуваат информации кои предизвикуваат страв и паника во јавноста, без точни и проверени податоци, порача Спасовски

March 16, 2023 15:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека во полициската станица при Секторот за внатрешни работи во Скопје денеска бил извршен службен разговор со лицето В.А. поради наведените податоци на Фејсбук дека гимназијалец бил отруен при ставање на дрога во пијалак, а со цел да се обезбедат евентуално дополнителни податоци во врска со случајот кое лицето може да ги има како информации.

-В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, дека слушнала муабети од деца и дека кога новинарите ја повикале да разговараат со неа, таа го избришала постот на оваа тема и практично тогаш сфатила дека направила грешка, појасни денеска Спасовски на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Тој напомена дека ќе поднесат соодветен поднесок до Јавното Обвинителство во врска со овој случај.

-Ќе бараме да има реакција од страна на Обвинителството, бидејќи не може во ниту еден момент да изнесуваме податоци или информации кои предизвикуваат страв, неизвесност и паника во јавноста, без притоа истите да се базираат на какви било точни факти и податоци. Ние вчера излеговме со демант како МВР, бидејќи се шпекулира во јавноста, односно се злоупотребува темата дека на овој начин имало повеќе починати средношколци кои биле во Градскиот парк. Упатувам апел до јавноста да бидеме одговорни, бидејќи нема ништо повредно од животот на еден човек, посебно на млад човек, рече Спасовски.

Тој додаде дека вакви трагични ситуации со кои се соочуваме не треба да бидат дел од никакви политички пресметки. Како што рече, најмногу треба да внимаваат луѓето кои себеси се сметаат за луѓе со висок интегритет.

Tags: АчкоскаМВРСпасовски
Next Post

Беким Фехмиу - фактор на помирување, на совест, на возвишена мисија

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk