Во однос на атмосферата во Македонија, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, во интервју со Васко Ефтов потсети на зборовите на покојниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ дека реформите за да се успешни не може да се популарни.
Реформата мора да е болна, мора да те натера нешто да направиш – додека ти седиш во фотеља, некој те тера нешто да направиш – тоа значи дека политиката е исправна, потсетува Пенов.