ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Македонците живеат во просек 75 години

March 17, 2023 12:18
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според новиот Индекс на просечен животен век во светски рамки, објавен од Обединетите Нации, македонските граѓани живеат во просек 75,26 години. За мажите одделно, таа бројка е 73,1 година, а жените во просек живеат 77,47 години.

За споредба, посочени се и податоци од истражувањата и статистиката на Светската банка. Според оваа листа, просечниот животен век на Македонците е 74 години, на Македонките – 78 години, вкупно – 76 години.

No description available.

Истражувањата покажуваат дека долговечноста се заснова на три главни и основни фактора – генетика, пол и начин на живот. Потоа се земаат предвид и компоненти како што се хигиена, исхрана, култура, избор на професија, пороци, вежбање, пристап до квалитетна здравствена заштита, па дури и криминалните стапки. Според ОН, светскиот просек во поглед на животниот век заклучно со 2023 година бил 70,8 години за мажи и 76,0 години за жени, вкупно – 73,4 години.

Очекуваниот животен век значително варира зависно од подрачјето, како и од земја до земја, па оваа 2023 година, тие бројки се движат од најниското ниво од 57,7 години во Западна Африка до највисокото од 82,7 години во Западна Европа.

Општо гледано, очекуваниот животен век има повисок праг. Меѓу 2000 и 2016 година, очекуваниот животен век се зголемил за 5,5 години на светско ниво, со нагласка на зголемувањето од 10 години во одделни делови од Африка. Овие сознанија за овој раст во однос на „најтоплиот континент“ ги потврдуваат и извештаи на Светската здравствена организација.

На списокот земји со најдолг животен век, според ОН се Монако (87,01 години), Хонг Конг (85,83), Макао (85,51), Јапонија (84,95), Лихтенштајн (84,77), Швајцарија (84,38), Сингапур (84,27) , Италија (84,2), Ватикан (84,16), Северна Кореја (84,14 години).

Најкус просечен животен век имаат жителите на Чад (53,68 години), Нигерија (53,87 години), Лесото (54,91), Централноафриканската Република (55,48), Јужен Судан (56,51), Сомалија (57,35), Есватини (57,71), Намибија (59,93), Гвинеја (59,55), Мали (69,03 години).

Македонците, во таа смисла, се некаде на средина на оваа листа.

Од нашето поблиско соседство, просечниот животен век во Србија е 75,12 години, во Албанија – 78,06 години, Бугарија – 72,84, Грција – 82, во Босна и Херцеговина е 76,18 години, Хрватска – 79,4, а во Црна Гора е 77,78 години.

Tags: Животен векМакедонијаОН
Next Post

Tемператури и до 23 степени од понеделник

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk