Поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, во објава на Фејсбук вели дека „за изградба на кружен тек, Општина Прилеп ќе издава обврзница изразена во милиони евра!“
„Од причина што обврзницата значи финансиско задолжување на Општината, нејзиното издавање има смисла само ако е наменета за инвестиција која во иднина ќе ѝ носи приход на општината. На пример, изградба на систем за гасификација на градот, нови паркинзи, пазар и слично. Но, финансиско задолжување за изградба на кружен тек е срамота. Градоначалник, советници од општинскиот Совет – оваа работа не ја бива. Ваквото задолжување би било ужасна грешка! Укажувам со најдобра намера“, истакнува Сугарески.