ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Шлаканица од Стејт департментот за Бугарија: Не почитувате малцинства!

March 21, 2023 12:24
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот на Стејт департментот за човековите права го потврди она што како порака стигнува изминатите денови од Европската унија на редовна основа – дека Македонија има многу подобар однос кон етничките малцинства отколку Бугарија и што е поважно, дека никој не гледа системска дискриминација во однос на Бугарите во нашата држава, нешто на што Софија го темели својот негативен наратив во Брисел кон нашата земја. На оваа тема во извештајот на Стејт департментот нема речиси ништо за Македонија освен констатацијата дека „Уставот и законот ги обезбедуваат слободите на мирно собирање и здружување, а владата генерално ги почитува овие права“.

Затоа пак во извештајот за Бугарија  се констатира повторно дека бугарските власти продолжуваат да ја „негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Обединета македонска организација-Илинден Благоевград и Друштвото на угнетените Македонци-жртви на комунистичкиот терор, и покрај бројните претходни одлуки на ЕСЧП дека со негирањата биле прекршени слободата на здружување на групите“.

Стејт департментот има и оценка за одлуката да се забрани клубот на Македонците во Благоевград и за отворањето клуб на Бугарите во Битола, „Ванчо Михајлов“.

„Во јуни окружниот суд на Благоевград ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација – Илинден Благоевград со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското малцинство, ќе ја загрозат националната безбедност на земјата со изјава дека  „правото на здружување е основно човеково право, но престанува да биде такво кога го поткопува јавниот ред“.  Групите се пожалија дека наместо да дадат инструкции како да ги поправат грешките во нивните апликации, властите ги третирале како непоправливи, толкувајќи го законот преку идеолошки објектив што го оневозможувало регистрирањето на организација која ја фокусирала својата активност на етничките Македонци“, стои во оценката на Стејт департментот.

Отворањето пак на клубот „Ванчо Михајлов“ се става во контекст на реакциите на Еврејската заедница во Македонија.

„Уставот и законот ги обезбедуваат слободите на мирно собирање и здружување, а владата генерално ги почитува овие права. Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Северна Македонија објавија заедничко соопштение за медиумите во кое го осудуваат именувањето на бугарскиот културен центар во Битола по Ванчо Михаилов, познат соработник на фашистите и нацистите.Тие рекоа дека отворањето на центарот на 16 април – Шабат и првиот ден на Пасха – било чин на навреда и негирање на холокаустот. Во октомври граѓаните протестираа како одговор на континуираното именување на бизниси според нацистичките соработници како Михаилов или Цар Борис III, вклучително и за отворањето на клубот „Цар Борис III“ во Охрид. Во ноември парламентот усвои измени на законите за политички партии и здруженија на граѓани за да се забрани регистрацијата и работењето на оние кои носат имиња и симболи или се залагаат, поттикнуваат или одобруваат нетолеранција, омраза, фашистичка идеологија, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. Еврејската заедница се пожали дека нејзината иницијатива од 2017 година за измена на кривичниот законик што ќе го криминализира антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот или глорификацијата на нацистичките и фашистичките симболи допрва треба да биде усвоена“, стои во извештајот на Стејт департментот.

За Бугарија, пак, стои силна оценка дека општествената нетолеранција кон малцинските групи продолжила и се манифестирала најчесто во дискриминација на Ромите и етничките Турци и дека зад таквиот однос го охрабруваат и политички партии, па и од власта.

„Политичките и владините актери понекогаш го одобруваа или поттикнуваа тоа. Организациите за човекови права известија дека расната дискриминација на Ромите се зголемила за време на вонредната состојба COVID-19. Медиумите често ги опишуваа Ромите и другите малцински групи користејќи дискриминаторски, омаловажувачки и навредлив јазик, нагласувајќи ги случаите во кои Ромите извршиле злосторства. Националистичките партии како Атака, Внатрешната македонска револуционерна организација, Вазраждане и Националниот фронт за спас на Бугарија рутински прибегнуваат кон силни антиромски, антитурски и антисемитски слогани и реторики. Невладините организации идентификуваа севкупен пораст на појавата на говор на омраза и злосторства од омраза, особено против ромската заедница. Во август, студијата на Фондацијата Creating Effective Grassroots Alternatives идентификуваше повеќе примери на негативно претставување, непријателско покривање и дезинформации против Ромите во медиумите, вклучително и преку ширење на лажни вести, стигматизација, тврдење на негативни стереотипи, прекумерно поедноставување и сарказам. Според невладината организација „Информа центар“ во мај, најмалку 80 отсто од содржините поврзани со етничките групи во училишните учебници биле негативни. Во следното писмо до Инфорома, Министерството за образование го отфрли тоа тврдење, тврдејќи дека примерите на Инфорома или не се од книги одобрени од министерството или се од класични литературни дела во наставната програма кои не треба да се перцепираат дека предизвикуваат конфликт на етничка основа“, стои во извештајот кој ја опишува состојбата со правата на малцинствата во земјата.

Притоа се споменува дека  непознати сторители запалиле  плакат на невладината организација Клуб на антички Македонци во Гоце Делчев.

„Според етничко-македонските групи, властите ги третирале како сепаратисти и непријатели на државата, што поттикнало омраза против нив“, стои во оценката.

Извор: НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаСтејт департмент

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk