ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Владата го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството

March 21, 2023 15:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во насока на интензивирање на активностите за успешна дигитална трансформација на општеството, како предуслов за напредок и во борбата против корупцијата и јакнењето на транспарентноста и доброто управување, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството.

Овој документ минатиот месец беше усвоен од Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој раководи Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска.

Концептот е кровен документ кој ги дефинира основните принципи кои треба да ја водат дигиталната трансформација на сите области на општеството, која ќе се постигне со соработка помеѓу владата, јавните институции, приватните компании, граѓанскиот сектор и академската заедница.

Основните принципи на овој концепт се владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни изворници на податоци, „дигиталното е стандардно” и принципот „само еднаш” (со кој податоците што се еднаш внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица).

Основните принципи на овој концепт се владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни извори на податоци и стандардизација на употребата на дигиталните записи и потписи.

Концептот за дигитална трансформација на општеството цели кон темелни промени во начинот на функционирање на институциите и подобрување на нивната ефикасност како сервис на граѓаните.

Покрај подобрувањето на слободниот пристап до јавните информаци, една од клучните измени кои ги носи овој Концепт е давањето предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи. Податоците што се еднаш внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица, а дигиталниот потпис создаден со лична карта е еквивалентен со своерачен потпис.

Имплементацијата на Концептот ја обврзува Владата да воведе електронска лична карта и да спроведе мерки за поддршка за поврзување на сите домаќинства на бродбенд услуги во следните 5 години.

За да се постигнат целите поставени со Концептот, ќе се формира Агенција за дигитализација, која ќе биде надлежна за управување со околината за безбедна размена на податоци, поставување стандарди за ИКТ и сајбер безбедност за сите засегнати страни, давање насоки за управување со промените при дигитална трансформација на администрацијата и подигнување на јавната свест за оваа проблематика.

Содржината на Концептот за дигитална трансформација на општеството цели е резултат од проектот за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Влададигитална трансформација

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Тендер на Тошковски од четири милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk