ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мајмунски бизнис

March 21, 2023 15:18
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ја прочитав веста која вели дека осуммина главни знаменосци на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и Александар Николовски, не ја прифатиле амнестијата за „уставобранителите“ или како и да се нарекуваат овие денови тие насилници од времето на пучот во Собранието на тој фамозен 27 април 2017 година.

Па сега човек се прашува, зошто толкава лудница за нивна заштита предизвикуваше Мицкоски мината година? Зошто таква помпезност, аздис и глупирање? Што им се порачува: не заболе Црвениот бан за вас, вие бевте наш обичен параван, вие сте нули, вие сте индуцирана багра? Но, на овие прашања ќе си одговори Мицкоски и неговата поблиска и подалечна котерија. Ние овде ќе се позанимаваме со едно друго прашање.

Имено, не го намалува човечкото достоинство тоа што е „настанат од мајмун“, туку што многу двоножни сонародници со десничарско однесување инсистираат на тоа – да останат мајмуни. Од друга страна, своето еволутивно „полутанство“ треба да го претставиме за единствена мера, за тоа какви треба да бидеме ако не сме измамници.

Тие нивни браќа, чичковци и вујковци кои денес скапуваат во затвори, не љубат да се експонираат ако не се во чопор, во орда, во колектив, ако не се во ситуација без страв од казна да ја исполнат својата sверска намера, својот крвожеден инстинкт на банални силеџии, својата нарцистичка потреба за мајмунисување. А кога се сами, тогаш се питоми: се копаат во носот, вртат со прстите „цуфки“, се sверат во празни точки од својата соба. Не се пентерат по дрва, немаат вишок на сајли, бананата најпрво ја лупат, а потоа ја јадат. Од дистанца гледано, би се рекло дека се комплетно очовечени, ги распознаваат зборовите и речениците – неретко со мака и отпор, додуша – понекогаш и произведуваат релативно артикулирани гласови од некој од постоечките јазици; застануваат на црвено светло, управуваат со моторни возила; во последно време богами се и компјутеризирани, море, дури и сајбер светот стана најмила утопија и прибежиште на мајмунскиот човек, ене го, секој момент лупа по безбројните тастатури, заштитен со анонимност во која само кукавици и битанги бесконечно уживаат, па од своите ментални „брлози“ изливаат тони и тони фекална омраза, со збор, со слика, со звук, со знак, со секакви достапни средства ни обзнануваат како се горди на својата sверска природа, како и понатаму не планираат да еволуираат во луѓе, затоа што им е убаво баш такви какви што се.

А како да не им биде убаво, кога во суштина им се може да прават сè што им се ќефне?

Се дигна пред неколку дена малку повардарска прашина за тие еволутивни „полутани“ кои се наречени, слушај, „уставобранители“ (?), тие кои влечеа, тепаа и на крајот за влакно ќе убиеја. Имаа и перформанс со главата на Албанецот Села кој, денес, од оваа дистанца, сосема релевантно може да го наречеме – „Шиптарите летаат на небо“. Го видовме и тоа со свои очи. И такво нешто може да го прават само безумни луѓе. Луѓе со ум тоа не го прават. Не луѓе. Луѓе со ум тоа никогаш нема да го прават.

Па, видоа-невидоа, присобраа некоја временска дистанца, и веројатно разбираат дека тоа што го направија е неверојатно срање, сфатија, веројатно не се до толку глупави да бранат индуцирани човекомајмуни кои беа во тоа време страшно горди на својот полу-човечки чин; можеш да ги замислиш како себе се гледаат на Јутјуб, и тоа токму онака како што велеше еден врвен поет: „Сè што прави човек се брука со друг човек: се гледа мајмунот себе во огледало“. Се гледа така, па му е некако топло околу срцето, се разнежил кутриот над самиот себе, на убавината на својата мајмунска егзистенција, посветен на таквиот ритуално спремен да се помоча и маркира територија, да му се посере на сето човечко во себе, без разлика каде се наоѓа.

А за изговор потребено му е злосторство: цела една индустрија на лага, пакост и бесмисла работеше само на тој организиран мајмун на сите меридијани на светот му нуди изговор, се разбира, во склад со локалните контексти и прилики.

Се разбира, овој денешен десничар-мајмун кој е дигитализиран, размислува, сфаќа, чувствува и разбира за било каква смисла на планетата Земја. Затоа тој, мајмунот на тастатура, бирајќи ги кратките патишта во животот, најчесто се фаќа за дегенерични пароли, после кои најчесто му следи кретенска „акција“.

И сè додека е таков, никогаш нема да може да ја рипне својата сопствена сенка, нема да може да го трансцендира своето постоење, и погледне во огледало барајќи го својот човечки лик, оној кој вистински е достоен за идејата на Бога и идејата за Правда.

Monkey business.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 27 априлВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk