Три лица загинаа, а уште седум се ранети во напади на руски беспилотни летала во текот на ноќта врз регионот на Киjив, соопштија денеска украинските власти.
Регионалната воена управа на Кијив на Телеграм објави дека е оштетен „цивилен објект“ и дека спасувачите сè уште работат на местото на нападот.
Украинската војска соопшти дека соборила 16 од 21 беспилотно летало од иранско производство, лансирани во Украина во текот на ноќта од Русија.
И Украинската амбасадорка Лариса Дир извести за загинати и ранети во рускиот напад.
392 ден од инвазијата од големи размери на рф. Воздушни тревоги има низ цела ??. Во текот на ноќта, UAV на државата-терорист и членка на #ОБСЕ рф погодија студентски домови во Кијивската област, 3 лица загинаа, а 7, од кои и едно мало дете, беа хоспитализирани.
?@UKRINFORM pic.twitter.com/KjjRxOTpTV— Larysa Dir (@dir_larysa) March 22, 2023
„Воздушни тревоги има низ цела Украина. Во текот на ноќта, авијацијата на државата-терорист и членка на ОБСЕ – Руската Федерација, погоди студентски домови во Кијивската област, 3 лица загинаа, а 7, од кои и едно мало дете, беа хоспитализирани“, пишува Дир.
Подготви: Ј. Ѓ.
Фото: Укринформ