ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АХВ: Трипуновски да престане да манипулира, инспекциските контроли непречено се спроведуваат

March 22, 2023 10:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Политикантски и тенденциозни се последните обвинувања на Цветан Трипуновски од ВМРО – ДПМНЕ дека во прашање е доведено спроведувањето на инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство поради нерегистрирани возила, алудирајќи дека поради тоа се доведува во прашање безбедноста на храната и здравјето на граѓаните. Трипуновски да не се грижи. АХВ е институција која досега докажа дека се грижи за безбедноста на храната и здравјето на граѓаните. Место нагаѓање и манипулирање, Трипуновски нека си ја гледа партиската агенда, но, не на штета на граѓаните, соопштија од Агенција за храна и ветеринарство.

Одговорно тврдиме, граѓаните јадат безбедна храна, контролите, редовните, вонредните и оние по мониторинг програмите редовно се спроведуваат и ниту во еден момент, ниту било, ниту ќе е доведено во прашање нивното извршување. Агенцијата располага со 117 службени возила од кои 79 во моментов се регистрирани, а за остатокот во тек е јавна набавка за избор на осигурителна компанија.

Во функција на немање застој во спроведувањето на инспекциските контроли, направен е распоред за најрационално искористување на регистрираните возила и тој беспрекорно функционира, во функција на граѓаните. Повлекувањето на производи од маркетите, што за Трипуновски е сомнеж, за АХВ е само потврда дека инспекциските контроли беспрекорно се спроведуваат и дека граѓаните јадат безбедна храна.

Паушалното тврдење дека во државава беснее свинската чума е само уште една потврда во низата непознавање на состојбите од страна на Трипуновски, за кои, ако сака може да се информира. Состојбата со болеста африканска чума кај свињите кај домашната популација е мирна и потврда за тоа е фактот дека последниот позитивен случај кај домашните свињи во земјава, АХВ официјално го потврди на 29 ноември минатата година.

Tags: Агенција за храна и ветеринарство
Next Post

Изложба „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА“ на ДЛУМ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk