ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Денес Париз ќе биде центар на странската македонистика во светот, по повод 50 години Лекторат по македонски јазик на престижниот ИНАЛКО

March 23, 2023 08:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес Париз ќе биде центар на странската македонистика во светот, по повод 50 години Лекторат по македонски јазик на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) – најстариот активен лекторат по македонски јазик. Значајниот јубилеј за македонистиката и за македонската држава и култура ќе ќе се чествува со голем меѓународен симпозиум на ИНАЛКО. Со учесници од седум држави – странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети. Почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, заедно со македонските учесници, денес ќе ја испратат пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат.

Со организацијата на овој меѓународен симпозиум по повод големиот јубилеј, ИНАЛКО во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), истовремено остваруваат валоризација на постигнатото во изминатите пет децении и влог во ново поглавје на афирмирањето на македонските културни вредности и на развивањето на научниот интерес за македонистиката во Франција и воопшто на меѓународен план. Самиот факт што јубилејот се чествува со меѓународен собир од ваков формат, со учесници од повеќе земји, укажува на значајноста со која присуството на македонистиката во Париз и ширум светот се вреднува не само во билатералната соработка меѓу ИНАЛКО и МСМЈЛК при УКИМ туку и пошироко, во меѓународни академски и културни рамки.   

Со програмата на Симпозиумот се предвидени три тркалезни маси, при што една од нив ќе биде посветена исклучиво на македонистиката во Франција. На оваа тркалезна маса, покрај изнесувањето научни согледби и презентирањето резултати од истражувања, со видувањата за перспективите на македонистиката на ИНАЛКО во Париз се очекува во дискусијата да се поттикнат и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, како влог во развојот на македонистиката.

Две тркалезни маси на Симпозиумот ќе му бидат посветени и на творештвото на великанот на македонската литература и култура, Ацо Шопов – 50 години Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО во светлината на 100 години од раѓањето на Шопов. Со нив ќе продолжи и чествувањето на делото на Шопов во Париз, по повод големиот јубилеј, кое вчера, на Светскиот ден на позијата започна во седиштето на УНЕСКО, но и воопшто меѓународната афирмација на неговото творештво во текот на јубилејната година, која започна со Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ.

Од Симпозиумот ќе бидат изнесени и заклучни согледби кои се очекува да се однесуваат и на трасирањето на патот на македонистиката во Франција во следниот период.

Во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик, на ИНАЛКО ќе се одржи и концерт на македонска народна музика. Со овој концерт и со посветеноста и на делото на Шопов на Симпозиумот, на ИНАЛКО, преку  чествувањето на јубилејот ќе се оствари влог и во афирмацијата и поттикнувањето поширок интерес за македонските книжевни и културни вредности воопшто.

Организацијата на меѓународен симпозиум од ваков формат во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик е уште една потврда за добрата соработка меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ИНАЛКО и укажува на респектабилноста кон македонистиката на овој престижен високообразовен центар во Франција и воопшто во француската академска заедница. Минатата година, македонистиката и официјално беше препознаена како ретка научна дисциплина во Франција, со што гарантира нрјџино признавање, заштита, можно проширување на студиите и зачувување на ИНАЛКО, со неможност да се спои со други студии.

Tags: ИНАЛКОМСМЈЛКУКИМ
Next Post

Битиќи во посета на компанијата Махагони во Куманово

Shortcut

Најново

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk