„СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани. Во време кога државата се уште се соочува со последиците од глобалната економска криза, СДСМ обезбедува раст на платите и пензиите“, соопштија од Бихаќка.
„Пензиите, од овој месец, се покачуваат за рекордни 8,4 отсто, со што просечната пензија се зголемува за над 1.500 денари.
Минималната плата од март годинава изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.
Додека СДСМ, како одговорна партија го унапредува животниот стандард на граѓаните, покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира се што е во интерес на народот.
Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше 8.800 денари, а во текстилната кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ се противеше на раст на минималната плата, нејзини функционери велеа дека ќе колабира македонската економија ако минималната плата се покачи.
ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците, партија која во изминатите години блокираше и се уште блокира закони во интерес на граѓаните“, порачаа од партијата на власт.