ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Шукова: Климатската акција е во сржта на европскиот зелен договор, Македонија се стреми кон негова имплементација

March 23, 2023 13:15
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

На Република Северна Македонија првично и е потребна сеопфатна законска рамка дизајнирана во согласност со законодавството за клима на Европската Унија со која ќе се обезбеди солидна законска основа за стратешко планирање и креирање политики во согласност со рамката на политиките на ЕУ за клима и енергија со перспектива до 2050 година, нагласи министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на јавната расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за климатска акција.

Министерката истакна дека е потребно и воспоставување на законска основа за координирана акција на национално ниво во однос на ублажување и адаптација кон климатските промени, вклучително и транспонриање и спроведување на законодавството за клима на ЕУ и јасно воспоставување на законска основа за утврдување одговорности на институциите и бизнис заедницата, нивните улоги и начинот на размена на информации.

– Во моментот не постојат неопходни регулативни мерки и соодветна институционална поставеност потребна за да се обезбеди усогласување на национално законодавство со законодавството за клима на ЕУ, како и спроведување на регулативни мерки. Постојното законодавство за клима е недоволно и истото е ограничено во својот опсег и цели. Постои неусогласеност особено во однос на транспонирање и спроведување на механизмот за мониторинг и известување кое претставува обврска да биде транспонирано согласно одлуките на министерскиот совет на енергетската заедница и патоказот за декарбонизација, појасни Шукова.

Предлог-законот, додаде таа, прилагодува неколку правни акти на ниво на ЕУ, до степен возможен согласно нашиот статус на земја со отворен процес на полноправна членка во европското семејство.

– Климатската акција е во сржта на европскиот зелен договор, а ние секако се стремиме кон негова имплементација. Тој претставува пресврт во зелените политики на ЕУ и носи со себе пакет мерки од повеќе области. Генералната цел на зелениот договор е трансформација на ЕУ во модерна, оджлива економија и постигнување на климатска неутралност на ЕУ до 2050 година, рече Шукова.

Tags: зелена агендаМЖСППШукова
Next Post

Русија е неспособна да спроведе офанзива од големи размери, објавија украинските разузнавачки структури

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk