ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири и претставници на делегацијата на ЕУ дискутираа за унапредување на квалитетот на образовниот процес

March 23, 2023 16:32
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа координативен состанок со претставници на делегацијата на Европската Унија во Скопје. Се дискутираше за три важни закони за унапредување на квалитетот на образовниот процес во државата, а што во моментов се во постапка на дискусија и усвојување, информираа попладнево од Министерството за образование и наука.

– Станува збор за Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и Законот за образование на возрасните, што треба да обезбедат повеќе и подобри образовни можности за средношколците, наставниците, стручните соработници и повозрасните граѓани кои се водат по концептот на доживотно учење, се наведува во соопштението.

Министерот посочил дека со донесувањето на овие законски решенија, образовниот систем во Република Северна Македонија, ќе го зголеми квалитетот, при што истите ќе овозможат постигнување на националните стандарди во образованието, како и стекнување на соодветни вештини кај учениците од јавните и стручните средни училишта во земјава, како и валидација на неформалното и информалното учење, но и на унапредување на процесот на верификација на посебните програми за образование на возрасните.

Со новиот Закон за средно образование, според министерот, се очекува развој на клучните компетенции кај младите, неопходни за понатамошното образование, како и развивање на професионални компетенции за успешно вработување и подготвување на ученикот за одговорен живот во слободно, граѓанско и демократско општество.

– Со новиот Закон за средно образование пак, за првпат се воведуваат кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Фокусот е ставен на стекнување дигитални вештини, а се дефинираат и квалификации стекнати по завршување на средното образование, пишува во соопштението.

Законот за стручно образование и обука, како што истакнал Шаќири, кој моментално е во сила, беше донесен во 2006 година, а реформата на стручното образование е тесно поврзана со промените на пазарот на трудот.

– Потребите на пазарот на трудот влијаат на обликувањето на моделот на стручно образование и обука, како систем насочен кон создавање човечки ресурси. За да се овозможи стручно образование соодветно на потребите на пазарот на трудот, со предложениот Закон се регулира концептот на дуално образование. Дополнително, ќе се прецизираат одредбите кои се однесуваат на практичното образование, со цел да се зголеми обемот на практичното образование, се истакнува во писмената изјава на министерот.

Со оглед на тоа што поминаа повеќе од 15 години од донесувањето на Законот за образование на возрасни, Шаќири подвлекол дека се појави потреба од донесување на ново законско решение.

– Системот за валидација на неформалното и информалното учење ќе овозможи стекнување на квалификации за лица без или со ниско ниво на образование, а преку тоа би се очекувало нивно поголемо вклучување на пазарот на трудот, со крајна цел намалување на стапка на невработеност во земјата, се нагласува во писмената изјава на министерот.

 

Tags: образованиеШаќири
Next Post

Украина 393. ден | Руската армија губи значителни сили кај Бахмут; Унгарија ново потенцијално прибежиште за Путин

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk