Путин вчера во интервју изјави дека Москва и Минск се договориле да разместат тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.
По повод оваа изјава, Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексеј Данилов напиша на својот профил на Твитер: „Изјавата на Путин за распоредување тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија – чекор кон внатрешна дестабилизација на земјата, го максимизира нивото на негативна перцепција и претставува јавно отфрлање на Русија и Путин во белоруското општество. Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник.“
putin’s statement about placing tactical nuclear weapons in Belarus – a step towards internal destabilization of the country – maximizes the level of negative perception and public rejection of russia and putin in Belarusian society. The kremlin took Belarus as a nuclear hostage.
— Oleksiy Danilov (@OleksiyDanilov) March 26, 2023
Марта Пешевска
Извор: ЦИВИЛ Медиа