Командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Александар Сирски изјави дека најинтензивната фаза од битката за Бахмут продолжува и дека ситуацијата е константно тешка.
Сирски повторно ги посети жариштата во насока на Бахмут, соопшти денеска Министерството за одбрана на Украина.
Командантот на копнените трупи на Украина изјави дека Киев ги разгледува сите можни сценарија и ќе дејствува во согласност со моменталната ситуација, пренесува Интерфакс Украина.
Според Сирски, руските сили трпат значителни загуби во човечки ресурси, оружје и воена опрема, но продолжуваат да спроведуваат офанзивни операции.