ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Механизмите за санкции на САД се важен инструмент во нашата борба со корупцијата, порача Османи

March 28, 2023 12:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Право на Владата на САД, која има повеќе различни механизми за санкционирање, е да презема мерки кон оние што ги загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, не ги почитуваат Охридскиот и Преспанскиот договор и кои се вклучени во организиран криминал и корупција, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Тие механизми се исклучително важен инструмент кој е комплементарен со нашата борба против корупцијата. САД ја имаат целата наша поддршка и барање да ни помогнат во справувањето со корупцијата и организираниот криминал, како еден од најглавните ризици за стандардот на граѓаните, но и за стабилноста на земјата, истакна Османи на денешната прес-конференција за време на министерскиот состанок на Иницијативата „САД-Јадранска Повелба“ одговарајќи на новинарско прашање дали е запознат кои личности од земјава ќе се најдат на најновата „црна листа“ на САД за лица кои се предмет на санкции.

Запрашан за коментар за обвинувањата на опозицијата за криминал и корупција при склучен договор од страна на ЈП за државни патишта, Османи изјави дека е некоректно да се изведуваат заклучоци без да се слушнат двете страни.

– Мислам дека следен чекор би требало да биде директорот, односно претпријатието да се изјаснат. Ако после тоа изјаснување остане нерешена дилема тогаш ќе коментирам. Мислам дека денеска е денот кога претпријатието треба да ја каже својата вистина, бидејќи од наслови на договори, од наслови на соопштенија на политички партии е недоволно да се извлече заклучок за да може да коментира МНР, додаде Османи.

ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, кој е кадар на ДУИ, склучил договор за косење трева, кастрење гранки и сечење на дрвја во патен појас со фирма од кичевското село Челопеци во вредност од над 2 милиони евра, што партијата го оцени како „еклатантен пример за криминал и корупција“.

Tags: корупцијаМНРСАДсанкции
Next Post

ДЗР: Отсуство на поделба на надлежностите на вработените во ПИОМ поради недостиг на кадар

Shortcut

Најново

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk