ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Започнуваат проекти за справување со аерозагадувањето и унапредување на капацитетите на општините

March 29, 2023 15:06
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Започнува реализацијата на проект за справување со загадувањето на воздухот во пет општини и проект за унапредување на капацитетите на општините и поддршка на рамномерниот регионален развој, кои Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги реализира со поддршка на Шведска. Денеска беа презентирани главните цели и активности на Програмската рамка за соработка помеѓу Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – Сида и УНДП, во чии рамки, во наредните три години, ќе се реализираат двата проектa.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ УНДП го реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Ќе ги поддржи општините Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга  со мерки и активности за откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој и спроведување соодветни мерки за решавање на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигнување на јавната свест за опасностите од аерозагадувањето.

„Големи се надежите и мотивираноста кога започнува нов проект, особено ако се однесува на еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваме, загадувањето на воздухот. Справувањето со загадувањето бара мултисекторски пристап и координација,  а конципираноста на овој проект го овозможува токму тоа. Предвидените проектни активности се надоврзуваат на оние кои министерството веќе ги имплементира и се вклопуваат во планското решавање на ова исклучително важно прашање“, порача министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шуков.

Проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ ќе работи на подготовка на квалитетна техничка документација за реализација на инфраструктурни проекти во повеќе општини и на поддршка на рамномерниот развој преку надградба на Индексот за општински развој. Партнери на УНДП во овој проект се Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и ЗЕЛС.

„Обезбедуваме поддршка на општините за подготовка на поголеми инфраструктурни проекти заедно со целокупната проектна документација, со цел да ја зголемиме можноста за нивно финансирање од Светската банка, од Европската Унија и од други финансиски институции. Праксата покажува дека општините имаат ограничени човечки и финансиски ресурси за подготовка на проектна документација и затоа отсуствува понуда на конкурентни, одржливи проекти. Мора да ги менуваме работите за да можеме максимално да ги апсорбираме средствата од фондовите на ЕУ и да ги развиваме општините и регионите“, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

Програмската рамка е креирана како резултат на успешно имплементираните први фази на двата проекта. Таа ќе придонесе вторите фази на проектите да се спроведат со интегриран пристап и на тој начин да се мултиплицираат очекуваните позитивни ефекти.

„УНДП речиси две децении ги поддржува општините во државата преку креирање и имплементација на сеопфатни програми и иницијативи насочени кон поттикнување на локалниот развој. Нашата работа на локално ниво е водена од главната цел да изградиме поефикасни, поотпорни, еколошки свесни и самоодржливи локални самоуправи, со крајна мисија да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните“, рече Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

За реализација на Програмската рамка, Шведска обезбеди финансиска поддршка во висина од 4,13 милиони американски долари, а превидено е и национално кофинансирање во висина од 0,5 милиони долари преку Бирото за регионален развој. Со свои средства ќе партиципираат и партнерските општини и УНДП.

Tags: АерозагадувањеПроектиУНДП
Next Post

Ходаи: Имаме демографска „бомба“ во однос на иселување на младите

Shortcut

Најново

Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk