Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ кажа дека ќе бидат побиени стравот и сомнежите за уставните измени. Таа во гостувањето во Телма телевизија кажа дека оваа Влада носи државнички одлуки, а прифатениот француски предлог е преточен во преговарачката рамка, која не може да се менува.
Верувам дека разумот ќе постои кај сите 120 пратеници. Верувам дека ќе се одважат кога ќе дојдат нацрт амандманите во законодавниот дом, рече Аврамовска Мадиќ.
Таа истакна дека во текот на наредната недела ќе мора да се формира работната група и најбрзо што може да отпочне со работа.
Треба процесот да го завршиме многу брзо. Дискутирањето со одредени лица за влез во таа работна група е веќе завршено и наскоро ќе се знае кој ќе учествува. Јавната расправа секако ќе се одржи … Во групата ќе бидат поканети претставници на сите партии застапени во Собранието. Јавноста ќе знае како ќе изгледаат амандманите и што се менува, кажа Аврамовска Мадиќ.
Според заменик министерката за правда само уставните измени се патот кон ЕУ, а сите останати теми може да се остават за во иднина.