ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски од Белград: Нашите две влади се силно ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард на граѓаните

March 31, 2023 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Белград на прес-конференција ја истакна заложбата и силната политичка волја на нашата Влада за зајакнување и продлабочување на добрососедските и пријателски односи со Република Србија, во политички, економски и во сите други аспекти на соработка.

Премиерот во Белград ја предводи владината делегација во која се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

„Нашите две влади се силно ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард на граѓаните, а на бизнис заедниците да им овозможат квалитетно и ефикасно да работат и своите бизнис планови да ги реализираат во разумен рок.

Одличната соработка помеѓу двете држави носи квалитетни решенија во различни кризи, што за нас е голем стимул уште посилно да се вложуваме за стабилен и просперитетен Западен Балкан. Северна Македонија покажа дека не отстапува од стремежите да ги оствари своите стратешки цели како во одржување на добрососедските односи, така и во посветеноста за членство на земјата во Европската Унија.

Како држава не само што ги споделуваме принципите на надворешната политика на Унијата, туку имаме постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ, што е потврда дека ја споделуваме и вредносната политика на Европската Унија”, истакна премиерот Ковачевски на прес-конференцијата во Белград.

Ковачевски потенцираше дека фокусот на Владите мора да остане Европската Унија, бидејќи земјите од Западен Балкан таму припаѓаат.

„Европската ориентација на двете влaди е нагласена, ние сме цврсто определени за заштита на интересите на нашите држави, реформски сме ориентирани, активно ангажирани во меѓународните односи, постојано подготвени да даваме придонес во  меѓународната соработка во сите области.

Токму затоа изминативе години целосно сме посветени на обезбедување на четирите европски слободи на регионот на Западен Балкан – активно учествуваме во повеќе сериозни и суштински регионални иницијативи како Берлинскиот процес, CEFTA, RYCO, RCC и други, со кои преземаме различни иницијативи за слободно движење на луѓе, производи, услуги и добра низ земјите од регионов. Токму затоа сме и иницијатори и активни чинители во иницијативата на Отворен Балкан која нашите граѓани отворено ја поздравија, а тоа за нас е огромна мотивација”, изјави премиерот.

Во рамки на официјалната посета беа потпишани неколку билатерални документи. Како што истакна Ковачевски, граѓаните и бизнис заедниците веќе ја чувствуваат користа од она што го понудија владите преку сите овие иницијативи.

Падна роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, а од пред неколку месеци транспортните камиони на граничните премини Ќафасан и Табановце се движат со минимално време на чекање, како резултат на воспоставените зелени „Опен Балкан ленти”.

„Поврзувањето на земјите е за поголем развој на нашите економии, да обезбедиме заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници, а со таквиот долгорочен развој овозможуваме подобар живот за сите граѓани. Посебно ме радува што предмалку беа потпишани неколку билатерални документи од страна на двете влади, кои што произлегуваат од потпишаните договори за Отворен Балкан.

Првиот Меморандум за соработка е потпишан меѓу двете министерствата за внатрешни работи и се однесува на олеснување и забрзување на протокот на луѓе, возила и стоки на граничниот премин Табановце-Прешево; Вториот се донесува на вмрежување на системите за електронска наплата на патарините; Третиот се однесува на соработката во рударството и енергетиката, што значи размена на искуства и активности за развој на соработка и деловни односи во областа на рударството и енергијата”, изјави Ковачевски.

Премиерот истакна дека преку овие иницијативи, преку ваквите соработки, покажуваме дека сме просперитетен регион и дека фокусот на земјите од Западен Балкан е кон забрзување на европската интеграција и кон придонесување секоја од земјите што поскоро да стане членка на Европската Унија.

Tags: КовачевскиМакедонијаСрбија
Next Post

Украина ќе ги бојкотира квалификациите за Олимписките игри 2024 доколку мораат да се натпреваруваат против Руси

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk