Комесарот за проширување на Европска Унија, Оливер Вархеји во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Рим, најави дека ќе разговараат за забрзување на процесот на интеграција во новото безбедносно опкружување.
Како што објави Вархеји на својот Твитер профил, проширувањето е еден од главните приоритети на ЕУ за зајакнување на мирот, безбедноста и просперитетот.
На средбите во Рим, покрај шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан, ќе се обрати Вархеји, како и шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.