Со спреј со црна боја вчера бил премачкан натписот „Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“ на истоимениот бугарски клуб во Битола.
Ова се случи откако пред одреден период објектот беше избришан како здружение од Централниот регистар во земјава.
Ова е резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласана едногласно во Собранието, со која ретроактивно се забрани создавање на организации кои со своето име, програма, цели и активности поттикнуваат и повикуваат на агресија, поттикнување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, истребување, ширење и помагање, поттикнување и одобрување на фашизмот, нацизмот, националсоцијализмот и Третиот рајх врз граѓаните на земјава.