ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ го спушта прагот на толеранцијата за троловите, онлајн насилниците и малициозните профили на социјалните мрежи

April 5, 2023 13:32
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, кој континуирано ги следи дезинформациите и пропагандата во медиумите и на социјалните мрежи, бележи дека се користат исти профили кои се постојано во акција – објавуваат статуси и линкови или коментираат со години наназад. Во нивните објави и коментари може да се најде сè: чисти лаги, манипулации, дезинформации, клевети, пропагандни пораки, теории на заговорот, говор на омразата по етнички, верски, расни, родови и политички основи….

Онлајн насилниците нескриено изразуваат восхитување од воените злосторства и се впуштаат во бескрајно величање на криминалци и воени злосторници.

Се служат со пцовки и крајно вулгарни изрази.

Редовно упатуваат закани со егзекуција и повици на насилство и војна.

Најчесто сето тоа се пласира отворено и директно, но и прикриено, преку емотиконите хехе, со грубо и навредливо подбивање или со линкови до содржини во медиумите или социјалните мрежи во кои најчесто има дезинформации, пропаганда и говор на омразата.

Сите заедно се дел од агресивната трол машинерија чија цел е да дискредитира и заплашува.

Во повеќе случаи, поддржувачи на ЦИВИЛ пријавуваат дека добиваат приватни пораки со навреди и закани доколку изразат поддршка со лајк, споделување или позитивен коментар.

Ова е неприфатливо однесување кое во голем број случаи е и во судир со законите, вклучително и Кривичниот законик, со кои се регулираат содржините во јавната комуникација.

Мотивите за ваквото дејствување се јасни, а целата операција е според сценаријата за спроведување пропаганда нарачани, одобрени и финансирани од Кремљ.

ЦИВИЛ го спушта прагот на толеранција за троловите, онлајн насилниците и малициозните профили на социјалните мрежи.

Раководството и Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, заедно со Интегрираната редакција на ЦИВИЛ Медиа донесоа одлука да ги заострат правилата за администрирање на профилите на Организацијата на социјалните мрежи. Со тие правила, Организацијата, всушност, само построго се придржува кон постојните правила за администрација на социјалните профили. Мерките што ги преземат тимовите на ЦИВИЛ се: архивирање, пријавување и блокирање на профилите преку кои се водат пропагандните кампањи.

ЦИВИЛ останува отворен за критики и поинакво мислење. Доказ за тоа е и рубриката Слободна зона во која се објавуваат колумни и анализи со кои Организацијата може и да не се согласува. Од првиот ден, ЦИВИЛ и медиумската платформа што функционира Повеќе од една деценија, создаваат и негуваат простор за општествен и политички дијалог и натпревар на идеи и ставови. Секој може да испрати став до Редакцијата и, доколку е аргументиран и ги задоволува основните стандарди, може да очекува објавување и почит кон искажаното и напишаното. Но омраза, дезинформации, клевети, навреди и закани – повеќе нема да се толерираат.

Tags: социјални мрежитроловиЦИВИЛ
Next Post

Тренчевска: Поимникот за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата, ќе придонесе за подигање на свеста и полесно препознавање на насилството

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk