ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Аџиќ: Црна Гора е јасно ориентирана кон Запад

April 5, 2023 20:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Црногорско Министерство за одбрана

Фото: Црногорско Министерство за одбрана

Share on FacebookShare on Twitter

Црна Гора е строго ориентирана кон Запад и ќе продолжи да се спротивставува на оние кои сакаат да го урнат меѓународниот поредок и вредности на кои почиваат демократските држави, изјави шефот на Министерството за одбрана и министер за внатрешни работи Филип Аџиќ.

Тој учествуваше на Првата црногорска безбедносна академија за млади, на тема Безбедносната состојба во Црна Гора – дали Црна Гора може да балансира меѓу Истокот и Западот.

Како што информираат од Министерството за одбрана, Аџиќ изјавил дека Црна Гора е строго ориентирана кон Запад, пренесува „Вијести“.

 Строго ориентирани кон Запад и обединети во евроатлантското семејство, ќе продолжиме да им се спротивставуваме на оние кои сакаат да го урнат меѓународниот поредок и вредности на кои почиваат демократските држави, рече Аџиќ.

Тој истакна дека јасната решеност и дејствување на државата без балансирање и „отскокнувања“ од западната патека се доказ дека Црна Гора е сигурен сојузник во НАТО.

Нашето место е во заедницата на европските општества, истакна Аџиќ, додавајќи дека влезот во ЕУ останува прв и најважен надворешнополитички приоритет.

Тој изјави дека руската инвазија на Украина претставува епохална закана која му дала нови контури на европскиот и трансатлантскиот пристап кон меѓународната безбедност.

Аџиќ истакна дека Црна Гора не калкулирала, ниту била нем набљудувач, дури и кога е во прашање усогласувањето на националната политика кон Русија со Брисел, вклучително и воведувањето санкции против Москва.

Црна Гора ќе продолжи да ги исполнува своите сојузнички обврски во рамките на НАТО, како и со поддршката на Украина и нејзиниот народ во борбата за мир, рече Аџиќ.

Тој потсети дека Црна Гора се приклучи на листата на донатори, обезбедувајќи хуманитарна, воена и финансиска помош за Украина, како и придонесувајќи со учество на своите војници во зајакнувањето на военото присуство на источната и југоисточната граница на Алијансата.

Аџиќ потенцира дека местото на Црна Гора е во заедницата на европските општества, а нејзиниот западен пат е утврден во Декларацијата за независност на Црна Гора од 2006 година, каде што е изразена цврста определба за европските и евроатлантските интеграции.

Исто така, оваа Влада јасно потврди дека забрзаната интеграција во Европската унија (ЕУ) е наш стратешки приоритет, рече Аџиќ, нагласувајќи дека со неодамнешното деблокирање на Уставниот суд го надмина институционалниот ќорсокак кој привремено го блокираше интегративниот процес.

Како што наведе, воспоставувањето институционална стабилност, како предуслов за непречено функционирање на системот на владеење на правото, овозможи да се интензивираат напорите и дадоа нова динамика на процесот на европска интеграција.

Аџиќ изјави дека регионот на Западен Балкан, вклучително и Црна Гора, отсекогаш бил на крстопат на интересите на големите сили, пред се поради неговата геостратешка положба.

Вакуум простор во меѓународните односи не постои, немањето присуство на едната страна, на еден вредносен систем, ќе доведе до посилно присуство на другиот систем, рече министерот.

Тој нагласи дека Црна Гора се стреми да негува добри односи со сите оние кои споделуваат демократски, проевропски систем на вредности, како и визија за мирен, стабилен Западен Балкан, интегриран во ЕУ.

Така, нашата надворешнополитичка определба е повеќе од јасна, заклучи Аџиќ.

Извор: МИА

Tags: АџиќЕУЦрна Гора
Next Post
Фото: МИА/архива

Финска го одбележа пристапувањето во НАТО со купување израелски одбранбен систем

Најново

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026
Фото: Министерство за култура

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk