Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека на вчерашната седница, Советот на општината со едногласна одлука обезбеди субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта.
„Со Oдлуката се утврдува право на субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение по прв пат во учебната 2023/2024 година, со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на Општина Куманово, од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година во нето износ од 2.000,00 денари, по ученик“, вели Димитриевски.