ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изложба „Екологија на идеи“

April 6, 2023 12:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Италијанската организација „Ла Драматурџи” ќе организира меѓународна изложба „Екологија на идеи” (Ecology of Ideas) во рамките на интернационалниот проект „Патиштата на хероите” поддржан од програмата „Креативна Европа” на Европската Унија во 2020 година.

Во својата основа проектот се занимава со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. Се работи за комплексен проект со времетраење од две и пол години. Покрај Македонскиот народен театар како главен партнер, во проектот се вклучени уште шест организации од кои една од земјава (Издавачка куќа Гаврош) и пет од другите партнерски земји Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато). Секоја од организациите се занимава доминантно со производство, промоција и истражување на театарски и сценски форми.

19:00 ч. Промоција на книгата за деца „Ветерната приказна” од Ника Гавровска, и изложба на илустрациите од Наташа Андонова како дел од проектот „Патиштата на хероите”. „Ветерната приказна” припаѓа на современата книжевна фантастика. Како спој од мит и сказна, таа е и книжевна адаптација на документаристичка предлошка. Малата Верта тргнува на патување, при што ѝ се случуваат низа средби, поточно 12 луѓе што се книжевни огледала на 12 вистински ликови од современиот живот што живеат денес и секојдневно на свој начин придонесуваат за поубав свет.

20:00 ч. Отворање на изложбата „Екологија на идеи” (Ecology of Ideas). Изложбата „Екологија на идеи” на партнерот од Италија, „Ла Драматурџи” под кураторство на режисерот и драматург Џан Марија Черво е идејно концпирана во три изложбени простории тематски поврзани, но концептуално различни. Имено, изложбата е комбинација од различни пристапи со цел да се обрати на различна публика и да ја искомуницира еколошката криза со која се соочува современиот свет.

Изложбата ги опфаќа темите на општествена апатија и отсуство на дела, но нуди и решенија за основните прашања како: Дали треба да ја видиме бојата на воздухот што го дишеме за да дејствуваме? Како се поаѓа од чувството на бесполезност? Како дејствуваме како поединци, а како дејствува заедницата? Што значи политичка, општествена и емоционална криза? Кои се првите чекори како уметници?

„Екологија на идеи” е патувачка поставка. Имено, таа ќе биде отворена во Република Северна Македонија на 12 април во просториите на мултимедијалниот центар „Мала станица” – Национална галерија, а потоа патува за Италија и го завршува во Атина, Грција, а со тоа се потврдува широкиот интернационален дострел на проектот „Патиштата на хероите” вклучувајќи во своите активности повеќе од 30 артисти.

Tags: „Екологија на идеи“Италија
Next Post

Ќосето ја почна битката помеѓу Левица и ДМПНЕ за вмровскиот престол

НАЈНОВО

Под контрола пожарите кај Вардариште, Кожуф и во Јасен

September 3, 2025

Се вработуваат лични асистенти за ученици, плата 15.000 денари за 20 часа неделно

September 3, 2025
Припадници на армијата на Израел

Илјадници израелски резервисти се пријавуваат на должност пред офанзивата на Газа

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk