ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Албанија во март значителен пад на инфлацијата која достигна ниво од 5,3 отсто

April 9, 2023 15:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Нивото на цените на потрошувачката во Албанија во март забележале значително намалување, што условило пад на инфлацијата.

Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, во март инфлацијата паднала на 5,3 отсто од 7,1 отсто колку што била во февруари.

Главното влијание на намалувањето на инфлацијата имаа цените на горивата, кои во март се продаваа по пониски цени во однос на периодот пред почетокот на руско-украинскиот конфликт. Во моментов литар дизел во земјава се продава за 184 лека (1,6 евра), додека бензинот за 186 лека, наведува ИНСТАТ.

Незначителен раст на цените во месец март главно има во групата „храна и безалкохолни пијалаци“ за 3,94 проценти, а потоа следат групата „кирија, вода, гориво и енергија“ и „мебел и апарати за домаќинство“.

Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за албанската економија, но и можност за намалување на основните каматни стапки. Во текот на минатиот месец основната каматна стапка достигна 3 проценти што има директно влијание врз цената на кредитите. Централна банка на Албанија предвидува дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува со брзо темпо во останатите месеци и се очекува за да се врати на целта поставена од банка кон средината на следната година, наведува ИНСТАТ.

Највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува. Така, во ноември беше 7,9 во декември 7,4 и во јануари 7,2 отсто.

Извор: МИА

Tags: Албанијаинфлација
Next Post
Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Зеленски: Полска ќе и обезбеди на Украина 200 борбени возила

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk