ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи: ОБСЕ нема да штеди напори за подобрување на состојбата на луѓето во Грузија

April 10, 2023 14:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во својство на Претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Грузија се сретна со министерот за надворешни работи на земјата, Илиа Дарчиашвили.

На заедничка прес-конференција во Тбилиси, Османи нагласи дека како Претседавач, Северна Македонија се стреми кон мирно, сеопфатно и одржливо решавање на конфликтите што ја засегаат Грузија, алудирајќи на продолжување на адресирањето на овие прашања во рамки на клучните дипломатски канали за дијалог кои се под заедничко раководство на ЕУ, ОБСЕ и ОН.

„Mеѓународните дијалози во Женева и Механизмот за спречување и одговор на инциденти се витални дипломатски процеси кои мора да останат отворени, не само за да се избегнат понатамошни ескалации, туку и за справување со последиците од конфликтот во Грузија во 2008 година”, рече Османи.

Mеѓународните дијалози во Женева, инаку, е единствената платформа каде што сите релевантни учесници се среќаваат на политичко ниво уште од 2008 година, а кои се фокусираат на безбедносни и хуманитарни прашања. Едно од главните достигнувања на Mеѓународните дијалози во Женева е воспоставувањето на заедничкиот Механизам за спречување и одговор на инциденти, чија цел е смирување на тензиите.

Во тој контекст, а и во насока на пораката на Претседателството „За луѓето се работи”, Османи ја потенцираше својата поддршката на сите прагматични пристапи за мирно решавање на ситуацијата, со цел да се обезбедат вистински резултати токму за луѓето кои се погодени од конфликтите.

„Дозволете ми да бидам јасен, тие тоа го очекуваат од нас. Да им понудиме вистински резултати кои ќе им овозможат да го живеат својот живот во состојба на мир и просперитет”, истакна Османи.

Тој додаде и дека ОБСЕ нема да штеди напори за подобрување на нивната состојба и во соработка со своите партнери ќе продолжи да ја промовира слободата на движење и да покренува суштински хуманитарни прашања, особено за притворените, раселените и исчезнати лица.

Во својата изјава, Претседавачот Османи се осврна и дека ОБСЕ ќе го продолжи својот ангажман за поддршка на раселените жени и млади лица кои се погодени од конфликтот.

„Мора да бараме начини да се засили процесот на помирување”, рече Османи и потврди дека во рамки на своите активности во Грузија ќе оствари и теренски посети со граѓани со цел директно од нив да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочуваат.

На крајот на средбата, Османи повтори и дека ОБСЕ ќе продолжи да дава суштинска поддршка во спроведување на заложбите во трите димензии на Организацијата, што пак ќе придонесе и за внатрешните реформски процеси на Грузија.

„Многу години, ОБСЕ и нејзините земји-учеснички како Грузија играа интегрална улога во обезбедувањето стабилност и безбедност на поширокиот регион на ОБСЕ. Затоа, дозволете ми да ве уверам дека мојата цел е како Претседавач со ОБСЕ да ја зајакнам и продлабочам нашата соработка и да промовирам мир и стабилност во овие неизвесни времиња”, заклучи Османи.

Tags: ГрузијаОБСЕОсмани
Next Post

Град Скопје со нов јавен повик за враќање на приватните превозници во јавниот превоз

Најново

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk